СЈО побарало изземање на судијката Поп Стефанија од постапување во случајот “Тврдина” информираа денеска од скопскиот Кривичен суд. Во соопштението се вели:

jankuloska-izjava-pred-sud

“Судијата на претходна постапка пред да заврши со распитот на еден од повиканите лица по повод предлогот поднесен од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникации (СЈО) во јавноста познат како „Тврдина“ примил барање за негово изземање од страна на обвинителот кој постапува во истиот предмет, со тоа судијата го прекинал сослушувањето на повиканите лица.

Судијата на претходна постапка откако ќе ги комплетира списите на предметот заедно со барањето ќе ги достави до претседателот на судот кој во рок од три дена треба да одлучи по однос на барањето за изземањето на судијата.”

Поради ова првиот човек на петта управа Горан Гројовски нема да биде сослушан се до носењето на одлуката на изземањето од претседателот на судот.
Третосоминечната во овој случај екс-минситерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска се појави во судот за да даде исказ пред судија од претходна постапка, бидејќи се обнови постапката поради укинувањето на аболицијата од страна на Претседателот Иванов.

Отакако заврши со распитот Јанкуловска пред новинарите изјави дека е сосема спокојна бидејќи немала направено никакви кривични дела, а СЈО работело како продолжена рака на СДСМ.
“Овие прашања се однесуваат на оперативно технички и тактички дејствија кои се надлежност на професионалните лица во МВР, во случајов Управата за безбедност и контраразузнавање, така да би била неупатно поранешен министер за внатрешни да се впушта во инпровизација во потрага во детали и одговор за прашање. Мојот потпис единствено стои само на поединечен акт со кје се дава овластување на професионалци да постапуваат согласно законот. Јас сум спокојна, немам направено никакво кривично дело. Додека бев министер работев чесно и во интерес на Македонија. Без разлика колку предмети ќе отвори СЈО, јас секогаш сум на располагање за да се дознае вистината”- посочи Јанкулоска.

Слични содржини