МВР веќе потврди дека во тек е акција во скопско и кумановско против припадници на група осомничена за трговија со дрога и оружје, изнуди и лихварство.

Истовремено, и судскиот совет по одржаната итна седница на барањето на основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, соопшти дека донел одлука  за одземање на имунитет на судија , претседател на основниот суд.

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, потврди дека се води истражна постапка против 12 лица, од кои едно лице се гони за кривично дела злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување, кои ги сторил како носител на висока функција во основниот суд Куманово. Останатите 11 осомничени се гонат за сторени кривични дела злосторничко здружување, лихварство, изнуда и криумчарење мигранти.  За сите 12 лица обвинителството предложило определување мерка притвор.  Уапсените се од Куманово и Арачиново./Telma

Слични содржини