Убиство на СЈО во сто чекори

од Vladimir Zorba

Д а се иссмее, да се етикетира, да се искомпромитира, за да може потоа да се инсталира една државно востоличена индиферентност кон СЈО. Тоа е целта на власта заради која веќе длабоко се сосекуваат сите очекувања во јавноста дека од него можат да излезат правни, со докази фундирани обвиненија, пред сѐ, поради наводна персонална некомпетентност на тимот, еднопартиска пристрасност и необјективност.

katerina-blazevska1[1]

Индиферентноста, „едно од најголемите чудовишта“ (Радомир Константиновиќ) овде веќе подолго време се инсталира како суштински атрибут на редовната општествена состојба во однос на многу клучни теми, па и во однос на оваа, со цел лажно да се прикаже дека власта не е е засегната од едно „такво“ некадарно СЈО.

Со екстремно големи инвестиции во производството на рамнодушност, се прави таа да стане реална, можна, клучна и сеопфатна, спротивна на каква било критичка дејност или обвинителска акција. Со неа ВМРО-ДПМНЕ сака да го завери, засекогаш да го запечати и да го концесионира на долг рок отсуството на промени, претворајќи ја државата во квадриплегичар, на кој тие ќе ѝ ја туркаат количката во насоката што ја одредиле: вечна власт и вечна неказнивост.

(…)

Во потребата на земјата да закрепне од децениското криминално цицање на нејзините ресурси и од последиците од сеопштата институционална девастација, тие гледаат само безначаен пржински бенчмарк кој треба константно да се игнорира, бидејќи во владејачкото пашалачко поимање на „демократијата“ единствено „народот решава кому ќе му верува“. За правдата не решава судот туку изборниот резултат!

Затоа, целта е експресно да го нокаутираат и анестезираат СЈО (можеби и да го еутаназираат) за целиот негов оперативен период да биде мртов до изборите, сѐ додека народот – тој единствен праведен обвинител, поротник, адвокат и судија, не ја даде и правната и политичката оценка за „бомбите“. Па нели е ова пуч? Нели е „насилство кон државните институции“? Нели е убиство на надлежностите на СЈО? Или не е?

Ваквата политика на монструозна опструкција и измама, во основа се потпира на методи за сеопшта системска деградација, со кои на институциите им се наметнува нова искривена суштина, исклучиво во согласност со владејачките субјективни и лукративни потреби.

Таа чудовишност која од поодамна егзистира во разни сфери, особено во антикорупциската („да го затвориме еднаш засекогаш прашањето за имотната состојба на Груевски, за век и веков, амин“- изјава на поранешниот претседател на ДКСК), откако е дистрибуирана во сите институционални партиски енклави, сега треба да се подметне и во единствената оаза што не е под контрола на фамилијата, што, пак, е надвор од делокругот на нејзината партиска и административна војска и на офицерите за врски.

Од фронталниот напад на вмровските тројки, од обидите по секоја цена да се внесат тројански коњи на „непријателската територија“, но и од држењето во заложништво на законските измени кои му се неопходни на СЈО, се чита стравот од можноста да му биде земен скалпот на племенскиот поглавар и стравот од можноста да проговорат неговите главни врачови, па сѐ да отиде по ѓаволите.

Тој страв ги принудува да влезат во жесток политички инженеринг – тие да ја димензионираат динамиката на работата на СЈО, тие да го баждарат квалитетот на обвинителите, тие да одредат кои законски измени ќе се донесат, кои не. На крајот на сметката, според данокот на додадена вредност што се подготвени да го платат за таков, набрзина обезмоќен „производ“, произлегува еден заклучок: дека власта може да го поднесе постоењето на СЈО, но единствено под услов да не се занимава со нејзините претставници.

 

(…)

Колумната на Катерина Блажевска во целост прочитајте ја тука

Слични содржини