Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани како организатор на штрајкот во судовите и протестот одржан во петокот, е изненаден од ноншалнтната изјава на министрот за правда Аднан Јашари. Во изјавата тој вели дека „имал десетина средби со синдикални претставници и дека е информиран за нашите барања и дека изготвил документ кој го доставил до владата, пишува во соопштението на УПОЗ.

133096915

„Сметаме дека министерот не ја зборува вистината и со ваквата изјава ја замајува јавноста. Од неговото доаѓање на функцијата, имаме остварено само четири средби, без некој конкретен договор, повеќе формални отколу суштински и резултат од тие средби е едно големо ништо. Исто така, тврдењето дека тој наводно „изготвил еден документ кој го испратил до владата“ е бегање од одговорноста и префрлање на вината на владата.“, пишува во соопштението на УПОЗ.

Слични содржини