Ако сакате да влезете во подобра форма, најверојатно веќе ги вложувате потребните напори за да ја постигнете својата цел. Или барем некои од нив.caccc5155b65af01a78d6512e6e48cb9

Покрај контролирањето на храната и избегнувањето на нездравите искушенија, има и други “тајни”, кои ќе ви помогнат да се разделите со досадните килограми, кога станува збор за исхраната. Веќе ви раскажавме за некои зачини за слабеење , време е за втора доза од нив:

Босилок: Комбиниран со свежи домати и сирење моцарела, на пример, тоа е салатата, која дефинитивно не би ве оставила рамнодушни. Босилокот има освен свеж мирис и неколку интересни здравствени придобивки – го регулира крвниот притисок и го опушта нервниот систем.

Сибирски кромид: Тој има мек вкус, кој се комбинира перфектно со јајца во сосови или за попрскување врз месо.

Коријандер: Овој зачин е популарен во готвењето низ целиот свет, вклучувајќи во мексиканската, тајландската и индиската кујна. Коријандерот, како и рузмаринот, имаат антибактериски својства, кои дури можат да ве заштитат од труење со храна.

Нане: Таа е прекрасен додаток кон смутито или во комбинација со лиснат зеленчук како спанаќ и кељ. Ако имате свежи листови од нане, едноставно сипете топла вода врз нив и ќе добиете освежувачки чај без калории.

Магдонос: Тој е богат со витамин К (важен за здравјето на коските), а најголем дел е тоа што може да се најде во текот на годината. Може да го користите во многу јадења, вклучувајќи и да си направите салата со магдонос во која преовладува токму ова растение.

Мајчина душица: Идеална за речиси секое јадење: чорби, супи, грав и т. н. мајчината душица има силен вкус, па користете мала количина од неа.

Рузмарин: Дел од семејството на нане, тој се комбинира одлично со оцетот за салата.Слично на мајчина душичка, рузмаринот содржи антибактериски соединенија и се користи при обработката на месо како природен конзерванс. Исто така овој зачин се поврзува со подобро здравје на срцето и намалување на ризикот од рак.

Оригано: Тоа е полно со антиоксиданси кои го спречуваат оштетувањето на клетките. Сувото оригано е многу фаворизирано во медитеранската кујна, па ако сте решиле да си зготвите нешто вкусно и корисно од оваа кујна, задолжително додадете оригано кон јадењето.

Слични содржини