Утре ќе се одржи првото рочишта од политичко-правната игра од случајот „Пуч“, во кој четвртообвинет е претседателот на СДСМ. Зоран Заев, како што претходно кажа и понатаму останува на планот да го бојкотира судот и да не се појавува на рочиштата.

download (2)

Веќе еден месец првиот опозиционер не ја почитува определената мерка да се јавува во судот , но органите не презедоа ништо во врска со тоа.Оправдувањето на судот беше дека што надлежниот судија бил на одмор. Судијата се врати од одмор на 20-ти јули.

Во случајот „Пуч“ првообвинет е ексдиректорот на УБК- Зоран Верушевски, кој се товари за неовластено прислушување и тонско снимање, шпионажа и за помагање во насилство спрема претставници од највисоки државни органи. Верушевски е во притвор, а на 16-ти јули Основниот суд Скопје 1 Скопје му изрече три години казна затвор за недозволено држење на огнено оружје.
Соња Верушевска и Бранко Палифров беа ослободени од притвор на 29-ти јули. Судот определи гаранција за двајцата обвинети во одреден износ што се состои во хипотека на недвижен имот и им определи мерка за претпазливост, односно одземање на патните исправи.

Слични содржини