Утре Врховен по вторпат ќе се произнесе околу одлуките за притворот за Темелко и Талески

од Vladimir Zorba

Врховниот суд, утре зад затворен врати, ќе решава дали судските одлуки Едмонд Темелко да не оди во притвор и Владимир Талески да добие само куќен биле законити.

Барањата за заштита на законитоста ги поднесе СЈО.

Претходно највисокиот суд донесе одлука за случајот со Темелко, но неговата одбрана, побара судијката Лидија Неделкова да не биде дел од советот кој ќе донесе одлука.

Во случајот на Талески пак, како проблем се посочува одлучувањето на судија кој за притворот решавал во Кривичниотм, па потоа и во Аплецискиот суд откако бил унапреден.

Темелко е осомничен во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности, додека битолскиот градоначалник, Владимир Талевски е обвинет во „Транспортер“. Спорд СЈО тој во договор со директорите на основните училишта го оштетиле буџетот за 350 илјади евра, при превозот на ученици во градот.

Во петокот, СЈО поднесе уште едно барање за заштита на законитоста-одлуката Кривичниот суд, да не ја замрзне зградата на ВМРО-ДПМНЕ за случајот „Талир“. Оваа истага треба да докаже дека преку партиската каса се переле пари а партијата нелегално се финансирала. Првосомничен е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Слични содржини