Деловите ќе можат да реагираат на заканата од Русија и да интервенираат во првите денови

Воените дејствија на Русија на територијата на Украина се причина НАТО да донесе одлука за проширување на военото присуство на источните граници на Алијансата. Тоа го изјавил Јенс Столтенберг, цитиран од радио “Слобода”. Според шефот на НАТО Русија има мобилизирано војска и  оружје и активно  ги тренира своите делови. “Но, тоа е  се само вежбање, оваа земја ќе  ја активира  војската против други држави, целта е да се менуваат границите во Европа, како што тоа  се случи со Грузија и со Украина”, вели уште Столтенберг. Тој соопштил дека на источните граници на Алијансата ќе бидат распореди единици  за брза реакција во почетокот 40 000 луѓе. Тие ќе треба да реагираат први на евентуална закана од страна на Русија. “Ние сме должни да одговориме на новите предизвици, па затоа ќе го зголемиме присуството во Турција и Литванија, а за таа цел ќе бидат покренати  и поморски и воздухопловни делови на САД”, соопшти шефот на НАТО. Тој рече дека Алијансата ќе ги држи отворени сите канали за дијалог со Русија и се надева да не дојде до отворен судир

“Не бараме конфликт со Русија. Не бараме нова Студена војна. Всушност сакаме да избегнеме нова студена војна – рече тој.

Слични содржини