Седницата на Анкетната комисија за прислушувањето е одложена за в понеделник.

Претседателот на комисијата Петре Шилегов, рече дека е постигнат значителен напредок околу ставовите и затоа ќе даде дополнително време членовите целосно да ги усогласат ставовите.

anketna-komisija2-860x680

– Бидејќи веќе постигнавме некаков напредок во усогласувањето на ставовите, идејата е седницата да се одложи за понеделник, на паузата од пленарната седница и до тогаш да се договориме за се и да го изгласаме Деловникот – рече Шилегов.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ го праша Шилегов, која е причината за отсуството на Питер Ванхауте, додаде дека нема да дозволат одлуки во комисијата да носат луѓе кои не се членови и дека не им се потребни странци за да ги решат проблемите.

СДСМ и ЗНМ во вербална војна околу преговорите за медиумите

На ова Шилегов одговори дека Ванхауте не е тука затоа што веќе има доближување на ставовите.

Според членовите на ВМРО-ДПМНЕ, добро е што претседателот на Комисијата направил координација со политичките партии и дека се надева тие ќе вродат со плод.

Како што брифираат од СДСМ, главните несогласувања се околу тоа гласот на претседателот да се брои два пати, односно дека ВМРО-ДПМНЕ се плашеле дека претседателот може да го злоупотреби тоа.

На седницата на Анкетната комисија присуствуваше и Илија Димовски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кој не е член на комисијата.

МЕТА

Слични содржини