timthumb-4

Македонскиот првак Вардар со победа над Кристијанштад ја започна новата сезона во ракометната Лига на шампиони.

Вардарци на гостување во Шведска го победија Кристијанштад со 28:23 полувреме 15:12. Алекс Душебаев со 10 голови беше најефикасн во редовите на Вардар, за кој Игор Караџиќ постигна 7, а Канељас 6 голови.

Во следното 2.коло Вардар на домашен терен ќе игра против екипата на Мешков Брест која во првото коло загуби пред своите симпатизери од Киелце со 24:29.

Во рамките на Б група, вчера се одигра и средбата Целје – ППД Загреб 30:28, а во тек е и последниот меч меѓу ПИК Сегед – Ранј Некар.

Потсетување дека и Металург старуваше со победа откако вчера во Скопје го совлада Елверум со 18:17./а1он

Слични содржини