Веќе не е смешно! Го исвиркаа Трамп по неговите пораки на адреса на Хилари Клинтон

од Vladimir Zorba

Се обиде да ја замачка ситуацијата, споменувајќи го говорот на својата сопруга Мелан

trampo
Кандидатот за претседател на Републиканската партија во САД Доналд Трамп беше исвиркан на добротворна вечера во Њујорк поради шеги на адреса на противникот Хилари Клинтон, кои го поминале добриот бонтон, очекуван од ваков настан, соопшти ДПА, цитирана од агенциите.Трамп ја нарече  Клинтон како корумпирана, што доведе до невидени свирежи од публиката на годишната добротворна вечера за собирање средства за деца со посебни потреби, организирана од фондацијата “Алфред Смит”.

Тој, сепак, успеа и да ја насмее публиката, споменувајќи го говорот на својата сопруга Мелани на националниот конгрес на републиканците во јули, велејќи дека не разбира зошто луѓето се дигнале  против неговата жена, кога изнесе  ист говор како на Мишел Обама, кој толку им се допаднал претходно!?

Хилари Клинтон, чии коментари предизвикаа и учтиви аплауз, и смеа, ги разви навредливите забелешки на Трамп за надворешниот изглед на жените, па дури и за статуата, а  обрна внимание на шегата за време на интервју во 2002 година, што тие стануваат помалку атрактивни по 35, пренесе Ројтерс.

“Доналд би ја оценил Статуата на слободата со четири или дури пет, ако го тргне факелот и плочата и си ја смени фризурата “, рече Клинтон, мислејќи на познатата атракција во Њујорк.

” Кога ќе  се замисли човек, знаете ли која бројка ќе е убав за жена? 45 “, рече таа.

Претседателот кој Американците кого ќе го изберат на 8 ноември, ќе биде 45-тиот во историјата на земјата.

Слични содржини