. Со него се прави крстен знак на челата на децата, а потоа и на сите останати од семејството.

4788473 Првото јајце треба да се бојадиса во црвено. Со него се прави крстен знак на челата на децата, а потоа и на сите останати од семејството. Тоа се остава настрана од другите и се заменува со минатогодишното што цело време е престојувалово куќата – да носи здравје, радост и среќа на нејзините жители. Јајцето се чува некаде во витрина, за да не се скрши и да носи среќа. Следното јајце исто е црвено – тоа се остава во црквата во саботата вечерта, по празничната литургија, која продолжува по полноќ, или на другиот ден на Велигден

Страсната седмица: Велики четврток

Според традицијата велигденските јајца се бојадисуваат рано наутро на Велики четврток или во Голема саботата пред празникот. На Велики четврток се обновува квасот и се замесува тестото за велигденските лебови.  Обично се украсуваат со непарен број црвени или бели јајца и извртени околу нив тесто. Жените подготвуваат и помали велигденски лепчиња со по едно црвено јајце во средината, кои се даваат на првиот гостин, на кумовите , и на роднини. Од античките времиња многу култури го поврзуваат јајцето со универзумот. Персијците, на пример, верувале дека Земјата се изведат од гигантско јајце. Многу народи виделе во јајцето симбол на реинкарнација напролет. Јајцата биле  и во сликарството, украсени и насликани од Римјаните, Персијци и Кинези. По појавата на христијанството тоа почнува да се гледа како симбол на раѓањето на човекот од природата. Црвените јајца се симбол на Христовата маченичка крв.

 

Слични содржини