Контроверсниот пратеник од ромска националност, Амди Бајрам смета дека нема навреди во објавените снимки на СДСМ, во кои се слуша женски глас, кој наводно билна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Министерката Ромите ги нарекува Цигани. Но, Амди Бајрам за „Вест“ вели дека воопшто не е навредувачка ниту содржината на разговорите.

Според него министерката Јанкулоска тоаго рекла „ во афектна состојба, во разговорот Ромите ги именува како Цигани„.

„Во слободен разговор, таа вели тие да се извлекуваат за уши на избори, но јас воопшто не и се лутам за тоа. Тоа е кажано во афект. Ром или Циганин, тоа ти е исто”, вели Бајрам.

Слични содржини