Виан реинкарниран во Макрон?

од Vladimir Zorba

Сличности се гледаат и во либералните ставови што ги имал своевремено писателот со оние на претседателот сега. Неверојатната физичка сличност меѓу новоизбраниот француски писател Емануел Макрон и францускиот писател Борис Виан (1920-1959) ги поттикна француските блогери да ја рашират веста за можна реинкарнација. Тие наоѓаат судбински синхронизитет и со возраста кога починал Виан, на 39 години, и актуелната возраст на Макрон. Сличности се гледаат и во либералните ставови што ги имал своевремено писателот со оние на претседателот сега. Виан е француски писател, поет, музичар, преведувач, критичар, актер, пронаоѓач, инжењер. Најмногу го паметат по неговите романи. Објавувал под псевдонимот Вернон Саливен, романи кои биле бизарна пародија, кривични фикции, многу контроверзни во времето на објавување. Другите дела ги остави под своето вистинско име, карактеристично високо индивидуален стил на пишување измислени зборови, со игра на зборови и надреалистички пристап. Напишал преку сто песни, развил кариера на пејач во кабаре, глумел во филмови и пишувал критики за џез музика. Во 1946 година го пишува ремек делото „Вадисрце“. крај/мф

Слични содржини