Полициските единици за борба со безредијата беа повикани за да прекинат жестока борба меѓу стотици мигранти и “група доброволци” во близина на метро станица во француската престолнина Париз. Снимките од станица “Сталинград”, каде над 1000 мигранти живеат, покажуваат како стотици мажи се борат со метални прачки и дрвени стапови. Насилството изби кога група мажи почнала да фрла предмети на мигрантите, од кои повеќето се од Африка и Блискиот Исток.

Ferocious-battle-at-Paris-migrant-camp-Refugees-armed-with-metal-poles-clash-with-vigilantes

Полицијата употребила солзавец за да ја растера толпата. Уапсен е пијан маж, за кој се претпоставува дека фрлил по мигрантите петарди и така ги разгорил немирите, пишува Le Parisien.

Полицајците биле гаѓани со шишиња и други предмети, кога стражарите на редот пристигнале на местото на борбите меѓу бездомниците мигранти и таканаречената “бригада против злосторства”.

Најмалку четворица мигранти биле повредени за време на немирите. Двајца се хоспитализирани за лекување.

Во реонот на станица Сталинград само во рамките на последниот месец пристигнале над 1.000 мигранти.

Слични содржини