Од ЕК сеуште без директна позивија за најавите на опозицијата дека ќе ги бојкотира изборите.

„ Го следиме развојот на настаните во Поранешната југословенска Република Македонија многу одблиску. Што се однесува до изборите за два месеци, направен е напредок во подготовките, но уште треба да се работи за да се осигура дека изборите ќе бидат кредибилни и согласно стандардите. Клучно е дека тоа да продолжи, а ние како ЕУ ќе продолжиме да се ангажираме со партнерите на терен, вклучително и со меѓународните партнери, изјави Маја Коцијанциќ, портпарол на еврокомесарот Јоханес Хан.

Слични содржини