buzalkovska

Гневот на граѓаните кој секојдневно расте најтешко се контролира, вели режисерката Зоја Бузалковска, активистка од „Шарената Револуција“. Најавениот масовен протест за в понеделник доаѓа откако Уставниот суд не ја стави на дневен ред иницијативата на Тодор Петров за уставноста на СЈО, пренесува ТВ21.

Шарените не го откриваат начинот на кој ќе протестираат, но велат дека се можни порадикални мерки кои искучуваат насилство. Бузалковска негираше дека ваквиот начин на дејстување е повик за граѓански немири и судири, туку обид да се изврши притисок врз власта и да ги усвои барањата.

Демократијата се добива и се презема на непосредни извори, а не на улица вели Оливер Андонов од ГДОМ.

„Демонстрантите на „Шарената револуција“ се кријат под превезот на т.н барање демократија и притоа се служат со закани, одбројувања и насилство врз инситуциите во државата“, вели Андонов.

Од ГДОМ велат дека нема да организираат протести, но не веруваат ниту дека ќе успеат протестите на „Шарената револуција“, затоа што според нив барањата им се нелогични.

Од Протестирам, сепак најавија дека нивните активности нема да престанат. Односно ќе останат на улица, сè додека не им се исполнат барањата.

Слични содржини