(ВИДЕО) Едмонд Темелко бил уапсен законски

од desk2

 


Дали приведувањето на градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко било законско, Врховниот суд ќе објави за најмногу еден месец вели претседателот на судот Јово Вангеловски, но неофицијано судски извори потврдуваат дека пет члениот совет веке гласал и донел одлука во корист на СЈО, кое поднесе барање за заштита на законитоста откако Кривичниот суд се произнесе дека лишувањето од слобода лани во февруари било незаконски и го одби барањето за притвор на Темелко, информира Телма.

По јавната седница во Врховен во ноември во присуство на обвинител од СЈО судиите се состанале и гласале но одлуката се уште не е потпишана и официјално излезена за да биде објавена велат нашите извори. Претседателот на Врховен Вангеловски пак категоричен дека не може да се говори за одлука на судот додека таа не е целосно готова, напишана, потпишана и заверена во АКМИС системот. Се пред тоа вели е во доменот на шпекулации.

Целиот текст  и видеото можете да го видете тука

Слични содржини