Зоран Ставрески и официјално ја напушти Илинденска. Пратениците ја констатираа оставката на вицепремерот и министер за финасии  Зоран Ставрески, информира 24Вести.
На негово место, предлоложен е Кирил Миновски, кој директорската фотеља од УЈП ќе ја замени со министерска,  сепак се чини тој остасна во сенак на доскорешниот најблизок соработник на Груевски.
Премиерот Емил Димитриев ги редеше успесите на Ставрески, кој на дело како што вели покажал како се сака Македонија. Димитриев му посака добро здравје, а за наследникот  Миновски, уверува дека има соодветен капацитет да ја извршува  функцијата министер за финасии.
Економскиот мотор на ВМРО-ДПМНЕ остана зарибан, партијата губи еден од клучните столбови – вака пратениците од  опозициската СДСМ ја дочекаа оставката на Ставрески. На новиот министер за финасии му посака помалку да троши за чоколадо, повеќе да има леб за народот. Од ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа опозицијата да биде реална и  даде признание за економските политики што ги предводеше Ставрески.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини