Откако Владата вчера прогласи кризна состојба на јужната и северната граница, со образложение дека безбедносните сили се присутни да ја заштитат границата и локалното население, полицијата употреби шок бомба на границата со Грција за да го стопира бранот мигранти кои сакале да влезат во Македонија. МВР најави дека ќе следи соопштение во текот на денот.

Во меѓувреме се поjавија неколку видеа на кои се гледа како полицијата употребува “средство за разбивање толпа“ во обид да ги потисне луѓето кои сакаат да влезат во земјава, но и воочлив е бројот на мигранти кои чекаат премин.23994golema

Покрај Единицата за брзо распоредување, помеѓу нив и мигрантите кои се од грчката страна на неколку места е поставена и бодликава жица. Жицата е поставена од двете страни на пругата со цел да се запрат мигрантите во обидот да влезат нелегално во земјава. Тоа го користат странските бегалци за да протестираат и да останат упорни во обидот да влезат на македонска територија. Од МВР известуваат дека мигрантите покажуваат негодување и нетрпеливост затоа што не се пропуштаат. Некои од мигрантите во своите изјави споделуваат дека била употребена прекумерна сила над нив од страна на полицијата, дека биле повредени и жени и деца.

Во моментов, состојбата на границата кај Гевгелија, на која чекаат околу 1000 мигранти да преминат и да заминат кон север, е помирна отколку вчера и во текот на ноќта.

На помош на полицијата од денеска ѝ пристапи и војската. И тие се подготвени за интервенција доколку биде неопходно ако се знае дека се очекува нов бран бегалци кој ќе ја зголеми бројката од 1000.0,,18663934_303,00

Според податоците на МВР, во последниот период издадени се потврди на вкупно 1.327 странски државјани, од кои, 1.020  се од машки пол, 129 се од женски, 138 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 40 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.004, Бангладеж–115, Пакистан-79. Во периодот од 19.06.2015 до 20.08.2015 издадени се потврди на вкупно 41.414 странски државјани, од кои, 28.527 се од машки пол, 5.735 се од женски, 6.546 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 606 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-33.461, потоа Авганистан-2.073, Ирак-1.947, Пакистан-1.198, Сомалија-561, Палестина-560, Конго-301, Бангладеж-230, Нигерија-142, Камерун-140 Еритреја-140, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

На мигрантите  најчесто крајна дестинација им се западно-европските земји како Германија, Финска, Шведска и сл.

Сè уште нема потврда дека полицаец е прободен со предмет како што утринава објавија гевгелиските медиуми повикувајќи се на очевидци.

Слични содржини