(ВИДЕО) Прентовиќ: Потоп е во Стајковци, власта мора да ги обештети земјоделците и ќе одговара!

од Vladimir Zorba

Изјава за медиуми на Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисијата за земјоделство на СДСМ:

prentovik

Земјоделците во Јурумлери, Стајковци и Страчинци се во многу лоша состојба, штетите од поплавите се огромни и ненадоместливи, во прашање e опстанокот на семејствата!

Сега е повеќе од јасно зошто Груевски и неговите кадри бегаат од Надзорната собраниска расправа.

Целиот труд и целиот род на овие луѓе им е уништен,. Почвата е прекиена со големи наноси од кал, со уништена структура и уништена плодност. Не е можно на неа да се произведе храна. Потребно е таа редовно и правилно да се обработи и да се ѓубри во следните неколку години, за да може да се врати во состојба како пред поплавата на 6 август.

Но, во меѓувреме, од што ќе живеат земјоделците и нивните семејства?

Според она што го зборувавме со луѓето, тие не смеат да застанат, туку се приморани да произведуваат на уништена почва, со ризик да не добијат род од којшто треба да живеат. Да не зборуваме за можните последици од болести штетници или тешки метали врз растенијата, животните и луѓето.

А зошто? Затоа што граѓаните од овој дел на главниот град, во 21-от век немаат атмосферска канализација, а каналите во населените места се затнати.

Затоа што оваа неодговорна власт 10 години се интересира само забогатење, а не за потребите на граѓаните. 10 години зборува за остварени дела, а колку се тие поголеми, граѓаните полошо живеат.

Бараме власта на Груевски веднаш да им помогне на земјоделците од одвој дел на скопско. Да ги обештети за уништеното производство, за уништените пластеници и за системите „капка по капка“.

За да не се случи нова катастрофа, потребни се итни мерки за заштита од ерозија и порои, како и пошумување на околните планини.

Штетите од поплавите се огромни, и човечки и материјални, и одговорност ќе мора да има!

 

 

Слични содржини