ВИДЕО: Речиси сите земјотреси со епицентар под селото Црешево

од Vladimir Zorba

На десетина километри источно од Скопје, под селото Црешево се наоѓа епицентарот на речиси сите земјотреси кои изминативе два дена ги вознемирија граѓаните, пренесува Телма.zem1-670x392

 

Во селото не владее паника, ама на жителите не им е сеедно кога знаат дека токму од земјата под нив тргнува потресот.

Уште не се опоравиле од минатомесечните поплави велат не се подготвени за нова природна непогода.

Денеска во скопскиот регион е регистриран само еден помал земјотрес кој се случил утрово, ама картата на

Медиотеранскиот сеизмички центар се исполни со повеќе објави за земјотреси на Балканот, Турција па и Италија.

Од опсерваторијата во Скопје земјотресите не се поврзани иако сите се наоѓаат на медитеранскиот блок кој се граничи со други два. Велат дека еден земјотрес кој се случил на пример во Грција или Турција не може да предизвика нов во Македонија.

Иако никој не може да гарантира дали и понатаму тлото под главниот град ќе се тресе, сепак од опсерваторијата смируваат дека нема простор за паника.

Порачуваат граѓаните да веруваат во издржливоста на градбите особено оние кои се градени после земјотресот од 63 година и сметаат дека најголем непријател во време на земјотрес може да биде паниката која се создава.

видето тука

Слични содржини