Вечерва до останатите учесници на преговарачкиот процес во работната група доставивме предлог со којшто сметаме дека на ефикасен и на едноставен начин може да се разрешат останатите две горливи прашања, за услови за фер и демократски избори, а тоа се прочистувањето на Избирачкиот список и реформата на медиумите, изјави потпретседателот на СДСМ по завршувањето на средбата на работните групи.

D. Manchevski

СДСМ е подготвен да ги повлече своите забелешки во однос на методологиите за прочистување на Избирачкиот список, доколку останатите учесници во преговорите се подготвени да ги прифатат предлозите на меѓународната заедница за реформа на медиумскиот сектор.

Прочистувањето на Избирачкиот список и реформата на медиумите се основен предуслов за фер и демократски избори. Ако ова не е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ и останатите учесници во преговорите, тогаш тие не сакаат во Македонија да има фер и демократски избори.

Слични содржини