спуким ебр

Ноќеска специјалците на МВР ги бранеа фалсификуваните избори на студентите во Македонија. Пленумци како студентска организација се обидуваа да спречат фалсификат и се противеја на таквите избори до доцна во  ноќта,  а полицијата со специјални единици дојде да асиситира во  верификувањето на такви избори. Еве дел од она што се случуваше во текот на ноќта до студентскиот дом, каде се криеја гласачките кутии, по цел ден исполнет со изборни нерегуларности.ебр спиким

По неколку обиди да заминат од просториите на СПУКМ претставниците од Студентскиот парламент конечно успеаја да избегаат од задниот влез на зградата во која е сместен парламентот некаде по 2 часот по полноќ, објави А1он.

Додека поминуваа, полициски кордон ги сопираше студентите од Студентскиот пленум  и спречуваа да се доближат кон Кирил Спировски и останатите претставници на парламентот.

Иако тие заминаа и претходно соопштија дека денеска победила демократијата, останува нејасно колку кутии се донесени во просториите на СПУКМ, како и зошто истите беа извадени од факултетите и од полициско возило, објави   А1 он.давор поповски

Денеска изутрина  СПУКИМ и новиот претседател излегоа со соопштение дека на фер избори е избран новиот претседател на студентите. Сè било чисто. Тие имаат лидер . Сé било фер само тоа пленумциве нешо провоцирале. Полициската асистенција веројатно е фер!?

Публикувахте от Студентски Пленум в Четвъртък, 30 юни 2016 г.

Демократскиот сојуз и Павле Трајанов утрово  први реагираа за ваквата бруталност на полицијата. Тие им оддадоа почест на студентите кои ја бранеа демократијата , и се спротиставија на насилието, го осудија  МВР и полицијата и побараат итни избори во октомври за излез од кризата и Македонија од која велат “очигледно е дека повеќе ништо не остана“.

Слични содржини