Screenshot_73Потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Радмила Шеќеринска во денешното гостување во вестите на Канал 5, потенцираше дека изминативе 8 години воопшто не добивала покани за гостување во медиумот, и покрај тоа што уредничката Лидија Богатинова рече дека СДСМ постојано биле канети.

Во тензичното интервју, прашана за тоа каква била соработката со сите досегашни први луѓе на СДСМ, Шеќеринска рече дека проблемот е во тоа што доскорешниот премиер, Никола Груевски никогаш не соработувал со опозицијата.

– До 2005 со сите тие премиери и претседатели, Македонија стана кандидат за членство во ЕУ а во следните 10 години до денес, не сме се помрднале. Пред да дојдам погледнав едно од последните интервјуа на Груевски овде, и забележав дека на едно од прашањата, седум минути се плашевте да вмешате во неговиот одговор. Факт е дека Република Македонија денес е држава во која сите чувствуваме дека имаме изгубено многу време и многу години и факт е дека голем настан е дали интервјуто со опозицијата овде ќе биде пристојно или не, одговори Шеќеринска.

Потпретседателката на СДСМ со анализи од мониторингот на ОБСЕ/ОДИХР врз медиумите, пред Богатинова презентираше забелешка дека Канал 5, 46 отсто од својот простор го остапувал на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа воедно дополни и дека изминатава недела, 2 часа поминале со позитивни информации за ВМРО-ДПМНЕ, а 2 минути биле неутрални, додека еден час и половина се презентирале негативни вести за СДСМ.

 

Слични содржини