(ВИДЕО) Што носи еврокомесарот Хан во дипломатската актовка?

од desk2
Што носи во својата дипломатска папка еврокомесарот Јоханес Хан откако неговата утрешна посета на земјава доаѓа точно во време кога се водат преговори за формирање влада, прашува Телевизија 24. 
Иако во политичките кругови се проценува дека неговата посета овој пат нема некакво суштинско значење особено што Хан официјално треба да присуствува на министерскиот состанок за енергетика во рамките на процесот „Шест западно балкански држави“, сепак останува дилемата дали на средбите со лидерите на политичките партии тој повторно ќе го стави на маса предлогот за формирање широка влада или пак како што потоа се допрецизираше ќе бара Владата да има широка поддршка.
Според професорката Ана Павловска Данева европскиот дипломат доаѓа за да се забрза процесот на формирање влада.
„Доаѓа исклучиво со понуда, не може тоа да биде решение, но може да претставува еден вид порака која секако ќе оди во насока да не се повторат изборите. Меѓународната заедница јасно ни кажува да се формира Влада што побрзо, но сега најверојатно малце попрецизно ќе дефинира што значи поширока поддршка“ – изјави професорката Ана Павловска Данева
Со сосема поинаков став е поранешниот амбасадор Ристо Никовски, според кој Хан доаѓа со предлог за широка коалиција, но вели дека таква влада нема да издржи долго време, со што извесни се нови избори.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини