Кумановските средношколци од петте средни училишта во Куманово, и денеска своето незадоволство го изразија на улиците во градот, но повторно без да бидат примени од надлежните во Регионалната канцеларија на Министерството за образование.

DSC_01272-980x620

Со истото барање „Не за математика на државна матура“, поминувајќи по истите улици, стигнаа до продрачната единица на Министерството за образование и наука во Куманово, без да бидат примени од надлежните со цел да ги достават своите барања.

– Во период од дваесетина дена, треба да полагаме седум испити, и независно од сите нашите смерови, сите мора да полагаме математика. Искрено се надеваме дека нашите барања ќе ги земете како сериозен знак дека нешто не е во ред со воведување на математика за државна матура, велат матуранитите.

Матурантите утре ќе одлучат што понатаму со протестите.

Слични содржини