Македонското министерство за надворешни работи не кажува  дали добиле или не барање од турската влада за затворање на приватни училишта наводно поврзани со Фетула Ѓулен, исламскиот проповедник кој Анкара го обвинува дека стои зад воениот преврат на 15 јули, информира Телма.

kemal

Вакви барања Турција упатила до неколку држави на Балканот во кои има приватни училишта и невладини организации за кои турската Влада се сомнева дека се поврзани со движењето на Ѓулен, Хизмет.

Сите овие балкански влади, меѓу кои и македонската  имаат исклучително блиска соработка со Владата на Реџеп Таип Ердоган, но до сега никој не презел какви било чекори иако дел признаваат дека добиле  барање од Анкара.

Во Македонија, според некои медиуми колеџите Јахја Кемал се поврзани со движењето на Ѓулен. Но од таму категорично демантираат.

-Немаме никаква врска ниту со Турција, ниту со турски капитал, ниту со Ѓулен. Јахја Кемал е македонска компанија која успешно работи веќе 20 години основана од сопственици кои имаат турско потекло, но во неа нема финансиски удел од надвор, соопштија од “Јахја Кемал”

И од скопскиот Интернационален Балкански Универзитет негираат дека имаат каква било поврзаност со движењето на Фејтула Ѓулен, кој е поранешен близок сојузник на Еродган, а сега најлут противник и живее во САД.

Но властите во Скопје засега молчат. Утревечер во центарот на Скопје е закажан митинг за поддршка на демократијата во Турција организиран од невладини организации Матуситеб, поддржувачи на Ердоган.

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

Слични содржини