13293011_10154002788259733_1937927067_n-860x680 (1)

Забавата „Информативен разговор“ наместо пред полициската станица „Беко“ се одржа на крстосницата пред зградата „Палома Бјанка“, бидејќи безбедносните сили ги спречија граѓаните да дојдат до пред полициската станица, која од сите страни беше опколена.

На забавата учесниците на протестот пред полицајците палеа факели, играа и пееја. Претходно граѓаните беа пред Собранието каде што ги повикаа сите да не седат и да чекаат некој друг да ги донесе промените, туку и тие да бидат дел од тие промени.

Професорот и политички аналитичар Мерсел Биљали, рече дека граѓаните кои седат дома, наликуваат на некој на кој што куќата му гори, внатре му се децата и роднините, а тој седи и гледа од страна. – Тие луѓе се или индифирентни, или се плашат од власта, или им се доволни 200 евра, па нека оди се по пустината. Ако веруваат во Господ, тогаш не се вистински верници, ако се обични граѓани тогаш не поседуваат основен морал. Ги повикувам без разлика на верска, етничка припадност, социјална положба да излезат бидејќи крајно време е за завршен удар – истакна Биљали.

„Шарена револуција наместо шарена аболиција“, „ Информативен разговор, Митко Чавков“ беа дел од пораките на вечерашниот протест кој започна пред Специјалното јавно обвинителство, продолжи пред Собранието каде што повторно беше фрлана боја./ извор Мета

13296262_10154002843049733_1081163404_n 13318772_10154002970089733_1348290354_n 13288967_10154002766814733_22303201_n

Слични содржини