ВРЕМЕТО ДЕНЕС  Сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне, во Демиркаписката клисура ќе има појава на магла која постепено ќе слабее. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој попладне во западните делови, особено на повисоките места на моменти ќе засилува по интензитет. Дневната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена.сонце и природа

Скопје: Претпладне сончево, попладне со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура околу 17 степени.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ   -3 Берово, -2 Скопје Пет., Битола, -1 Тетово, 0 Д. Капија, Струмица, 1 Кр. Паланка, 2 Кавадарци, Прилеп, Скопје, Куманово, Штип, Дебар, 3 Лазарополе, Гевгелија, 4 Претор, Маврово, Охрид, 6 Виница, 7 Крушево, 8 Дојран.

ВРЕМЕТО УТРЕ  Променливо облачно и ветровито, попладне во крајните западни и северозападни делови со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој на моменти на места ќе достигнува брзина помеѓу 50 и 70 км/ч. Во ноќнте часови врнежи ќе има речиси насекаде, нешто поинтензивни ќе бидат во западниот и северозападниот дел. Минималната температура ќе се спушти од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Скопје: Променливо облачно и ветровито, во ноќните часови со повремени врнежи од дожд. Тмин=4, Тмакс=16 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Промената на времето ќе се почувсвува веќе од недела кога ќе преовладува умерено до значително облачно време, претпладне во западните делови се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а попладне на повисоките планини има услови за повремени врнежи од снег. Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а поради продор на постуден воздух од север дневната температура значително ќе опадне и тоа за 5 до 9 степени во однос на денешната.

Слични содржини