Најмалку илјада луѓе мигранти кои се обиделе да преминат преку Средоземното Море се спасени во текот на викендот, соопшти крајбрежната стража на Италија.

imigranti-davenici-300x135

Хрватски брод кој е дел од патролата Тритон на ЕУ, спасил синоќа 671 лице меѓу кои 48 деца и 108 жени во пет одвоени операции. Претходниот ден италијански брод спасил 400 мигранти во близина на либискиот брег.

ОН соопштија дека за седум месеци од оваа година околу 224.000 мигранти и бегалци го преминале Средоземното Море на пат кон Европа, а повеќе од 2.000 ги загубиле животите или се исчезнати.

Речиси сите кои го преминале Средоземното Море во тој период пристигнале во Грција и Италија.

– Она што го имаме на праг на Европа е бегалска криза, изјави Вилијам Спиндлер од УНХЦР. Најголем дел од мигрантите се Сиријци (38 отсто), следуваат Еритрејци, Авганистанци, Нигеријци и Сомалијци./MIA

Слични содржини