ВМРО-ДПМНЕ: Излез од кризата се нови парламентарни избори

од Vladimir Zorba

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение го повтори ставот дека тиранската платформа е противуставна и оти нејзиното прифаќање ја втурнува Македонија во процес на федерализација.

– ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставува на реализација на тиранската Платформа, бидејќи смета дека истовремено преставува класична уцена, но и рушење на највисоките државни и национални интереси. Впрочем, ВМРО-ДПМНЕ затоа не постигна договор за формирање на Влада, бидејќи не прифати и никогаш нема да дозволи државата да ги изгуби атрибутите на унитарна и мултиетничка држава, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, излез од кризата се нови парламентарни избори на кои СДСМ може да ја претстави тиранската платформа доколку смета дека таа треба да се прифати.

– Изборите се најдобрата дебата која Зоран Заев може да ја направи за тиранската платформа и елементите содржани во неа. Доколку смета дека треба да се прифати и реализира ваква платформа, која задира во унитарниот карактер на државата, нека ја престави како своја изборна програма, па граѓаните јасно нека се произнесат што мислат за неа и за политичарите кои ја предлагаат, вели ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека во спротивно се повеќе ќе расне револтот кај граѓаните

Слични содржини