Координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, ќе биде претседател на анкетната комисија што треба да се занимава со расчитување на скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи, одлучија денеска членовите на Комисијата за изборите и за именувањата.

ilija-dimovski

Претставниците од СДСМ не присуствува на денешната седница на Комисијата за избори и за именувања ниту, пак, предложија свои членови.

Потпретседател ќе биде Љупчо Димовски, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, а членови од владејачката партија ќе бидат Трајче Димков, Благоја Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Благица Ласовска, Андон Чибишев и Драган Данев.

Сопругата на битолскиот градоначалник лани се подновила со стан

Претставници на ДУИ во оваа комисија ќе бидат Талат Џафери и Ејуп Рустеми, од ДПА – Газменд Аљији, додека независен член ќе биде Солза Грчева.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески пак изјави дека тие немаат намера да учествуваат во Анкетна комисија за скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи.

Sugareski (1)

– Апсолутно немаме никаква намера да учествуваме во Анкетната комисија којашто ВМРО-ДПМНЕ сам си ја составува во ова Собрание која не ниту согласно договорот од Пржино. Нашиот став поврзан со анкетните комисии е за утврдување на политичка одговорност на функционери така што во ова Собрание веќе има формирано Анкетна комисија согласно договорот од Пржино, а таа е поврзана со скандалот со прислушувањето и ги опфаќа сите работи со одгвоорност на избрани и именувани функционери во оваа држава, изјави Сугарески.

Според него, за се што е поврзано со скандал а не е поврзано со политичка одговорност има институции…

– Специјалното јавно обвинителство може да ги истражува овие случаи поврзани не само со пасоши и со лични карти и со сиот криминал во оваа држава и затоа не гледаме апсолутно причина за наше учество, рече Сугарески откако денеска на седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата беа предложени членови од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА за членови на оваа Анкетна комисија.

Пратеничката група на СДСМ, според Сугарески, не гледа потреба од формирање на таква Анкетна комисија ниту ја смета за легитимна.

– ВМРО-ДПМНЕ бара алиби затоа што очигледно во МВР во моментот се води темелна истрага, смета Сугарески.

Во однос на барањето за увид во работното искуство на Силвана Бонева, член на ДИК, рече дека опозицијата ќе поднесе ново барање според Законот за информации од јавен карактер.

За случајот, пак, со пензионирањето на Виолета Дума исто така член на ДИК, Сугарески рече дека на собраниската седница ќе бидат приложени документи со кои опозицијата ќе се обиде да докаже дека точката на дневен ред е незаконски ставена и дека мнозинството нема право да ја разрешуи согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

За разрешување на Дума е потребно мнозинство од 82 пратеници. – Во моментов не размислуваме за друг каднидат затоа што сметаме дека Виолета Дума треба да остане член на ДИК, рече Сугарески.

Слични содржини