Господинот Жерновски во своите две години како градоначалник на општина Центар е познат само по деструктивната реторика со која сака да ги сокрие скандалите околу неговата работа и мизерно смешниот размер на проектите кои успеал да ги преземе во две години раководење со општината.

вмро дпмне

Сите знаат дека истиот Андреј Жерновски кој сега се залага за зеленило и е од страната на граѓаните, пред неколку месеци се залагаше за изградба на бензиска пумпа на местото на пазарчето „Буњаковец“. Го фатија жив, па се правдаше.

Сите знаат дека Андреј Жерновски беше фатен жив на дело дека прво ги праќа булдожерите на Водно, а потоа оди да го брани Водно од нив. И тогаш се правдаше.

Сите знаат дека Андреј Жерновски во своите речиси 900 дена како градоначалник на општина Центар успеал да реализира огромни проекти како молерисување на зградата папагал, поставување на калдрма на Боемската улица од 50 метри за кое му требаа 15 месеци и дури пола милион евра и монтирање на една канделабра во форма на столна ламба на Рекорд. Ништо повеќе.

Сега, Жерновски прави обид повторно да се затскрие зад сопствената неспособност обвинувајќи дека некој повторно нему му ги врзал рацете и одзел ингеренции, кои доколку би ги имал сигурно повторно би се залагал за зелени бензиски пумпи на местото на постојните пазари и би бил на страната на граѓаните на кои пред тоа ќе им прати булдожери. Повторно е фатен жив како сака да протурка свој интерес и повторно се правда со сите други.

Единствено зелено за кое се залага Жерновски во општина Центар се неговото незрело делување, попусто надевајќи се дека народот ќе ги голтне неговите обиди за конструкции и манипулации како завеса пред личната непрофесионалност, неработа и немање на капацитет.

Жерновски е градоначалник на една од најбогатите општини, а нема проекти ниту како една мала рурална општина.

Штом Жерновски сам признава дека не е способен да ја раководи општината онака како што им ветувал на граѓаните, тие сигурно знаат дека тој не заслужува да биде на таа одговорна функција.

Слични содржини