Во главниот град на Мексико уништени се 181 објекти

од desk3
Бројот на срусшените згради во земјотресот во вторникот со интензитет од 7.1 во Мексико достигна 181, па така стотици луѓе  останаа на улица, објави ДПА.

Цитирајќи извори од општинската власт, мексиканскиот весник Реформа ги објави овие ажурирани податоци. Досега, според официјалните информации, целосно уништени згради биле 38. Покрај оние објекти каде елементот предизвикал непоправлива штета, многу други објекти се во опасност да паднат или да се урнат, напишал Рефор.  Повеќе од 3800 згради во мексиканската престолнина претрпеле штета.

Екипите на теренот продолжуваат да ги извлекуваат преживеаните од под урнатините, денеска ќе биде петти ден од почетокот на спасувачката операција. Градската управа соопшти дека од вторникот се спасени вкупно 60 лица, пренесе АП.
Загинатите се 286, жртвите во главниот град се 148. Началникот на службата за цивилна заштита Луис Фелипе Пуенте објави на “Твитер” дека загинатите во државата Морелос се 71, во Пуебла 45, во сојузната држава Мексико 13, во Гереро 6 и во Оаксака 1.

Слични содржини