Во терористичкиот напад во Лондон има четворица загинати и дваесет повредени

од desk2

Четири лица загинаа, а дваесет се повредени во Лондон, при истрелите од огнено оружје пред британскиот парламент во Вестминстер кои се случија денеска попладне.

Британската полиција овој напад го оквалификува како терористички.

Според пишувањата на британските медиуми, напаѓачот најпрво со автомобил се втурнал во група пешаци на мостот што води до Парламентот, а потоа со нож прободел полицаец пред Вестминистер. Напаѓачот потоа бил застрелан од полицијата.

Поради инцидентот Парламентот беше затворен, а засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Слични содржини