Вонредна состојба во Шарлот поради немири предизвикани по убиството на Афроамериканец

од Vladimir Zorba

 

Гувернерот на американската сојузна држава Северна Каролина прогласи вонредна состојба во градот Шарлот, каде втора ноќ по ред продолжија судири меѓу полицијата и демонстранти.sad-protest-politse

Немирите започнаа поради отворање оган од страна на полицаец врз Афроамериканец, кој подоцна им подлегнал на повредите. Полицијата тврди дека тој имал оружје и одбил да ги спроведе наредбите на полицаецот, но роднини на убиениот велат дека не бил вооружен, туку дека држел книга, а не пиштол. Во тек е истрага за инцидентот.

Во судирите полицијата употребила солзавец и гумени куршуми, со цел да ги растера демонстрантите, меѓу кои имало и многу агресивни лица.

Одлуката за воведување вонредна состојба ќе им овозможи на властите да распоредат единици на Националната гарда и сообраќајна полиција, кои ќе и помогнат на локалната полиција да ја контролира ситуацијата.

Слични содржини