Возач на камион во Јапонија прегазил жена бркајќи покемони

од Vladimir Zorba

pokemon-go

Една жена загинала, а друга е тешко повредена кога во нив удрил камион, чиј возач бркал покемони, што е прв смртен случај во Јапонија поради играње на таа игра.

Откако бил уапсен поради несовесно возење, возачот на камионот изјави дека возењето му го деконцентрирала играта, изјави портпаролот на полициската станица во Токушима.

Портпаролот на компанијата што ја креираше играта, истакна дека поради вакви причини развиен е поп-ап на екранот на телефонот, кој по регистрирање на забрзано движење бара потврда дали играчот се наоѓа зад волан.

Портпаролот на „Нинтендо“ им изрази сочувство на семејството и на пријателите на загинатата жена./Мета

Слични содржини