МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ измерени во 7.30

3 Маврово, 4 Куманово, Лазарополе, Крушево, Тополчани, 5 Скопје, Скопје Пет., Кр.Паланка, Ѓуриште, Пожаране, 6 Тетово, Берово, Пожар, 7 Виница, Прилеп, Штип,Претор, 8 Битола, Д. Капија, Кавадарци, Охрид, 9 Струмица, 10 Гевгелија, 11 Дојран.

kisa671-650x354-13479

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) до 7 часот.

1 Битола, Струмица, Гевгелија, 2 Д. Капија, Берово, 3 Тополчани, Пожар, Скопје, 5 Виница, Прилеп, 6 Тетово, 7 Ѓуриште, Штип, 8 Претор, Пожаране, 11 Крушево, 12 Кр. Паланка, 14 Маврово, Охрид, 18 Лазарополе.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни попладне и тоа во западните и источните делови каде ќе дува умерен југоисточен ветер. Локално се очекуваат и над 40л/м2 наврнат воден талог. На повисоките планини на северозапад повремено ќе има слаб снег. Највисоката дневна температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени. Скопје: Облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и слаб до умерен северозападен ветер. Тмакс=9

ВРЕМЕТО УТРЕ

Претежно облачно со повремен локален дожд, особено на запад. Во ноќните часови почнувајќи од запад повторно ќе потпаднеме под влијание на циклонска активност од Медитеранот кој ќе донесе нови врнежи од дожд, а поради продор на постуден воздух од север на планините над 1000 м.н.в. во западна Македонија има веројатност врнежите постепено да поминуваат во снег.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во петок ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, на некои повисоки места на запад и север можни се повремени врнежи од дожд и снег, додека на планините над 1000 м.н.в врнежите ќе бидат главно од снег. На места ќе има пообилни врнежи, особено на југ. Дневната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Слични содржини