sultan erdogan
Околу 200 турски војници ќе служат во првата воена база на Турција во странство, која се наоѓа во Сомалија, пишува турскиот весник „Ватан“.

Базата е создадена согласно потпишаниот договор за соработка меѓу Турција и Сомалија.

Согласно договорот, одобрен од ОН, во базата ќе бидат обучени 10.500 сомалиски војници.

Весникот „Ватан“ наведува дека следната турска база во странство ќе биде изградена во Катар, врз основа на договорот за воена соработка меѓу двете земји потпишан во 2014 година. /МИА

Слични содржини