Забранети летови над облакодерот “Трамп Тауер”

од Vladimir Zorba

image_5866861_126

Летовите над 58-катниот облакодер Trump Tower, кој е еден од симболите и на Големото јаболко, и на новиот претседател на САД – Доналд Трамп, веќе се забранети. Зградата, која се наоѓа наспроти Централ парк – на Петтата авенија, спаѓа во опсегот на мерките на Secret Service поврзани претседателските резиденции. Во Trump Tower беше лоциран и изборниот штаб на милијардерот кога ја победи Хилари Клинтон во битката за 45-тиот американски претседател
Зградата е висока 202 метри, а во неа се сместени канцеларии, хотел и станбени површини. Изградбата е завршена на 30 ноември 1983 година, а во моментов изнајмувањата се највисоки на Петтата авенија. Еден квадратен метар во комерцијална област чини 4.800 долари годишно. Во 2006 година списанието оцени дека Trump Tower вреди 318 милиони долари. Забраната важи за радиус од околу 3,5 километри, а така и беспилотни летала под височина од 5.550 метри. Слична зона е создадена и над резиденцијата на Мајкл Пенс – гувернерот на Аризона, кој ќе ја заземе функцијата потпретседател. Исклучоците се прават исклучиво за летала на воените и спасувачките служби и Secret Service. И двете зони ќе бидат слободни за летови од 21 јануари 2017 година, кога Трамп и Пенс ќе стапат на должност и ќе мораат да се преселат во нови станбени простори.

Слични содржини