Почетна / Магазин / Убавина и Здравје / Зачини за слабеење

Зачини за слабеење

Ако зачините не постоеја, храната ќе беше доста подосадна и неособено примамлива. Но, и ако сакате да се разделите со некој непотребен килограм, само треба да ги вложувате потребните напори.f483e5c3b4de2935eac79a390190448f

Што се однесува до храната – треба да консумирате здрави производи и да го збогатувате вашиот појадок, попладне и навечер со соодветни зачини.

Еве и кои се тие:

Бибер во зрно: Тој кој ќе додаде бибер, додава  пријатен вкус на секое јадење. Важно е сепак црниот пипер да биде свежо мелен, за да се чувствува подобро мирисот. Во случај да немате посебна мелница за бибер, може да користите мелница за кафе.Откако еднаш  мелениот црн пипер ќе го замените со свежо мелените зрна, сами ќе ја почуствувате разликата.

Кардамон: Зачин, која личи на црн пипер, но има мала арома од ментол. Кардамон може да додадете во десерти и / или слатка храна за појадок, а на тој начин ќе додадете егзотичен вкус на храната.

Чили во прав: Лесен начин да излезете од колосекот на досадното готвење.Избирајте чили во прав, што е малку зачинето, непреработено и без додаден шеќер. Откако еднаш ќе почнете да конзумирате “полесно” чили во прав, постепено преминувајте на полуто. Како што знаете, зачинетата храна го забрзува метаболизмот, па вреди да се обидете.

Цимет: Идеален зачин за пијалаци или утринска храна. Слаткиот вкус на цимет навистина може да помогне за контрола на шеќерот во крвта. Затоа тој е идеален додаток кон појадокот . Циметот исто така се поврзува со пониски нивоа на воспаление.

Кора од цитруси: Официјално тоа не се води како зачин, но додава силен мирис кон храната, па вреди да ја користите во различни храна. Според некои истражувања цитрусовата кора може да дејствува како заштита против некои форми на рак, особено рак на кожата.

Ким: Во него има изненадувачки високо количество на железо, но бидете претпазливи со количината, бидејќи мирисот може да биде малку прејак.

Семе од анасон: Тоа емитира лесен сладок вкус, поради што може да се спаси од додадениот шеќер.

Лук во прав: Еден од најпознатите ароматични зачини, кој сепак го задржува мирисот премногу долго. Ако се апстрахирате од тоа, лукот е одличен начин да ја направите секоја храна повкусна. Покрај тоа, не заборавајте дека тој е многу корисен за здравјето.

Leave a Reply

Your email address will not be published.