Заев: Отворен сум за соработка и за поединци од ВМРО, знам дека пратеници се оградуваат од политиките на партијата

од desk4

Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува парламентарното мнозинство да остане стабилно, па дури и да расте, при што отвори простор за соработка и со поединци од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Отворени се вратите за соработка со сите. Владиното мнозинство треба да расте и треба да биде постабилно зашто пред Македонија се сериозни одлуки коишто треба да ги носиме. Остануваме отворени за разговор со сите, вклучително и за поединци од опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Зборувам генерално како луѓе со луѓе. Македонија е исправена пред сериозни реформи, ни требаат соработки. Знам дека доста нивни пратеници досега изразиле несогласување со политиките на ВМРО-ДПМНЕ и полека се оградуваат. Јас не претендирам тоа да значи нивно преминување во СДСМ, само барам соработка во интерес на граѓаните и на државата – рече Заев.

Слични содржини