Објавувањето на Вистината за Македонија потврди дека првите луѓе на судството и обвинителството се под директна контрола на врвот на власта. Се потврди дека лошата состојба со медиумите е последица на воспоставената директна контрола на власта којашто оди дотаму што се нарачуваат прилози во вестите. Тоа мора да го промениме и никогаш да не се повтори.

Тоа го порачал претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, Рамон Абароа Каранза.

На средбата била и заменик-претседателката Радмила Шекеринска, информираше СДСМ.

Заев на средбата рекол дека доказите што ги објавува СДСМ во јавноста ги потврдуваат забелешките нотирани во извештаите на Европската комисија, ОБСЕ и другите релевантни меѓународни организации, за злоупотреби за време на изборни процеси, за постоење селективна правда, за владина контрола врз медиумите, за партизација и приватизација на институциите во Македонија од страна на Никола Груевски и неколкумина негови соработници.

„Се потврди дека лошата состојба со медиумите е последица на воспоставената директна контрола на власта којашто оди дотаму што се нарачуваат прилози во вестите. Тоа мора да го промениме и никогаш да не се повтори. Враќањето на слободата и демократијата во нашата држава ја отвора таа можност, во интерес на сите граѓани – рекол Заев.

Лидерот на СДСМ и пред амбасадорот на Шпанија повторил дека ставот на СДСМ е оти преодна Влада којашто ќе создаде услови за фер и демократски изборен процес е излезно решение од длабоката политичка криза во којашто се наоѓа Македонија.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Слични содржини