Со оваа СМС порака Зоран Заев уште пред  два месеци ветил но истовремено и се откажал од објавување на бомбата за Монструм. Пораката е испратена на еден од родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро и во неа првин пишува дека бомбата ќе биде пуштена.  Но, потоа Заев најавува посебна средба на која вели дека на родителите ке им бидат откриени  кодирани телефонски броеви од пресудата, пишува Телма.

sms_na_zaev_za_monstrum-540x334Се соменваат дека зад тие броеви се кријат високи владини функционери, но бидејќи се државна тајна Заев во пораката до роднините вели дека ако ги објави ќе стори кривично дело. Роднините имаат свои сомневања зошто дел од пресудата е со шифрирани броеви.

Во текот на судскиот процес  беше објавено дека се работи за пет телефонски бореви, но Заев според роднините на момчињата во своите материјали има 6 броеви на функционери на ДУИ поврзани со Монструм. Татковците на момчињата се упорни и апелираат Заев иако се откажал од  јавно објавување, да им ги даде материјалите на рака, па сами да ја бараат правдата.

На последната средба со лидерот на опозицијата им било ветено дека бомбата ќе биде пуштена  и им биле покажани дел од транскриптите. Зошто нивните деца беа убиени пред три и пол години се уште не им е јасно, но вербата во судството дека ќе ги гони виновниците ја изгубиле.

Токму затоа  не се појавиle  во Апелациониот суд каде требаше да се расправа за доживотните казни на осудените. Сметаат дека тоа е монтиран процес на кој повеќе не веруваат.

Слични содржини