Земјотрес од 7,4 по Рихтер во Нов Зеланд

од desk3

Земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран на територијата на Нов Зеланд, соопшти Европскиот сеизмолошки центар.

zemjotres-520x308-76083

Eпицентарот на потресот е на 61 километри североисточно од градот Амбрли во Нов Зеланд, на 97 километри североисточно од градот Крајстчрч и на 208 километри југозападно од Велингтон, со длабочина од 10 километри. Жители, кои се на околу 100 километри од епицентарот јавуваат дека земјотресот ги разбудиил и бил почувствуван како силни удари за приближно над 2 минути, пренесува БГНЕС. Забележани се паднати предмети во живеалиштата, граѓани излегле на улиците. Засега нема податоци за настрадани и материјали штета.

Слични содржини