Брокулите се од оние исклучително корисни видови храна кои не се многу обожувани од повеќето луѓе. Најмногу децата.e1ef9905568ea097ef07a5c536f9d1d5

Штом еднаш сепак ги пробате, приготвени на соодветен начин, тешко дека некогаш ќе ги одбиете.

Затоа ви нудиме едноставен рецепт за брокула со сос од сирење , кој ќе ја направи здравата храна навистина неодолива.

Покрај околу 30 слободни минути за подготовка на 6 порции од јадењето, ќе ви требаат и следниве производи:

– 2 глави брокула – исечени на розички;

– 2 чаши полномасно млеко;

– 1 лажица масло;

– 1 чешне лук;

– ½ лажичка сол или повеќе по вкус;

– ½ лажичка црн пипер или повеќе по вкус;

– ½ лажичка чили во прав;

– 350 грама меко сирење по избор – сечено на коцки;

– 120 грама чедар сирење – рендано;

– 120 грама кашкавал – рендан;

Начин на приготвување:

1. Сварете ги брокулите за 3-4 минути додека малку омекнат (но не премногу).

 

2. За да направите сос, загрејте го маслото и млекото на просечна кон слаба температура.Почекајте течноста да стане жешка и ставете рендан лук.

 

3. Додајте сол, црн пипер и чили во прав. Додадете го мекото сирење по избор и промешајте додека не се стопи и не стане кремасто.

 

4. Додадете ги чедарот и кашкавалот и повторно мешајте додека тие исто така не се растопат. Пробајте и додадете зачини по ваш вкус.

5. Послужете ги брокулите и сосот одделно или заедно, како сакате.

 

Слични содржини