Жизел Бундхен раскажува за модните успеси, бракот и мајчинството

од Vladimir Zorba

Бразилскиот супермодел Жизел Бундхен искрено раскажува за нејзиниот професионален и личен живот во книгата што ја сподели во нејзината социјална мрежа.

Книгата, која ја пишува ѕвездата е именувана “Лекции: Мојот пат кон исполнет живот” и ги документира успесите на 37-годишната убавица на моднaта писта, бракот со ѕвездата во американски фудбал Том Брејди, мајчинството.

“Обраќајќи поглед назад во изминатите 37 години сфаќам дека искуствата, водечките вредности и научените лекции извршиле силно и трансформирачко влијание врз мене и придонеле да се претворам во она што сум.

Среќна сум што можам да го споделам со вас моето животно патување “, напиша Жизел Бундхен на Instagram.

Книгата се очекува да биде објавена во октомври.

Слични содржини