Зоран Заев ќе ја составува новата македонска влада

од Vladimir Zorba

Централниот одбор на СДСМ  го утврди Зоран Заев за мандатар за составување на новата македонска влада.

Одлуката беше донесена на вонредна седница на централното раководството на партијата. За прв пат по речиси 11 година имаме можност да формираме реформистичка влада, чиј главен приоритет ќе бидат интересите на граѓаните на Македонија. изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откако раководството на партијата го одреди за мандатар, за идната влада. Заев ги информира членовите на раководството на СДСМ и сите други партиски приврзаници, присутни на задседанието за потегот и содржината на разговорите со политичките партии кои имаат освоени пратенички места во новиот парламент на Македонија.

Одлуката на раководството на македонските социјалдемократи дојде неколку часа откако од Демократската унија за интеграција / ДУИ / на Али Ахмети беше објавено дека партијата ќеги даде своите потписи за формирање влада на СДСМ на Зоран Заев .

Преговорите за коалиција допрва доаѓаат. Ова го изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи по речиси 10-часовна партиска седница. Тие  ги предложиле потписите на 10 свои пратеници во поддршка на СДСМ, кој има 49 пратеници во 120-члениот парламент. Тоа значи дека во евентуалниот кабинет на Заев ќе учествува барем уште една албанска партија.

“Поради некои околности поврзани со почитувањето на роковите, решивме да дадеме поддршка со десет пратеници за СДСМ, но тоа не значи дека имаме договор за коалиција. Даваме поддршка за мандат само за да се деблокираат некои процеси. За да започнат роковите за локалните избори  и треба што поскоро да се донесуваат одлуки, а за да се случи тоа треба некој да добие мандат и да почне со работа. Ако одлучиме да учествуваме во влада треба да се усогласат нашите програми . Има аргументи за и против двете можности и не можам да кажам дали доминира едната или другата, но  не очекувам сега да се донесе таква одлука, можеби во понеделник на следното заседание на претседателството на ДУИ”, рече уште Османи пред партискиот штаб.

Во исто време во речиси сите поголеми градови на Македонија се одржаа незначителни протести на партиското членство на повик на ВМРО-ДПМНЕ и ИК на чело со  Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ повика на мобилизација на структури, и  свика седница на своите општински комитети низ целата земја. Според  повиците партијата на Груевски  не прифаќа да им биде земан победата, и не сакаат да одат во опозиција. Тие тоа го бранат со прогласот во кој велат дека  „Заев е подготвен да ја  го уништел Република Македонија и да ја претвори во федерација, да го урне Уставот и даго воведе албанскиот како втор службен јазик”.

Мобилизацијата на „партиските војски“(читај членови) на ВМРО ДПМНЕ е во тек , и сега треба да одржат вонредни состаноци  на општинскиот комитет во проширен состав, со сите претставници на локалните комитети , по што се очекуваат протести за несогласување со обидите за формирање на новата ВЛАДА на СДСМ

„ Тргнуваме во напад, нападната е татковина, Македонија треба да се заштити “, се наведува во соопштението објавено до сите општински комитети, по кој повод протести имаше  во Охрид, Велес, Битола, Ресен, Струга, Кавадарци, Прилеп, Куманово, Скопје и на други места во земјата.

На предвремените парламентарни избори на 11-ти декември 2016 година ВМРО-ДПМНЕ доби најмногу гласови, како поединечна партија , но и најмногу ПРОТИВ гласови  како ВЛАДА  и власт на Груевски.

Во 120-члениот парламент партијата на Груевски има 51 мандати. Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) на Зоран Заев – 49, Демократската унија за интеграција (ДУИ) на Али Ахмети – 10, Движењето “Беса” на Билал Касим – 5, Албанскиот сојуз на Зијдин Села – 3 и Демократската партија на Албанците (ДПА) на Мендух Тачи – двајца пратеници.

Откако на Груевски не му успеа како најбројна и победника партија, макар и со два пратеника повеќе, тој го врати мандатот до претседателот Иванов. Тој пак по неуспехот на Груевски  одржа консултации со парламентарните политички партии и соопшти дека ќе додели мандат на оној кој му гарантира дека има поддршка од најмалку 61 пратеници во 120-члениот парламент во Скопје.

Зоран Заев сега обезбеди 67 пратенички гласови што е повеќе од загарантирано парламентарно мнозинатво и Иванов треба да му го додели мандатот. На тоа повика и еврокомесарот Јоханес ХАн а на истото му укажа и меќународната заедница

Паралелно со обликувањето на мнозинство во новоизбраниот парламент на Македонија се засилува отпорот на ВМРО-ДПМНЕ против новата влада на  СДСМ и ДУИ. На седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше оценето дека е прекршено  и  правилото за коалиција на победничките партии во македонскиот и албанскиот блок, без разлика дали ДУИ ќе одлучи да коалицира со СДСМ или само ќе даде поддршка за формирање малцинска влада, без да учествува во идната извршна власт. Според ВМРО-ДПМНЕ дел од членовите на законот за јазикот со кој се согласил СДСМ и кои биле објавени во медиумите, се целосно неприфатливи и исклучително опасни и штетни за државните и националните интереси. “Таквите предлози и отстапки од страна на СДСМ можат да предизвикаат долгорочни оштетувања и носат огромен потенцијал да предизвикаат тензии и нестабилност за подолг период. Истовремено голем дел од одлуките кои беа обелоденети, со ништо нема да помогнат за подобар живот на Албанците во Македонија. Одговорноста за оваа ситуација лежи целосно на СДСМ, кој не ја доби поддршката на граѓаните на предвремените парламентарни избори и се обидува на срамен начин, преку трговија со државните и националните интереси, да обезбеди поддршка за формирање влада “, нагласуваат од ВМРО -ДПМНЕ.

Од партијата на Никола Груевски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ и избраните за пратеници ќе се противат на прифаќањето на таков закон и ќе преземат мерки за заштита волјата на мнозинството.
Од друга страна од ДУИ молк за овие тврдења, иако се шпеклира во јавноста, дека не е исклучено во функција за рсчистување на состојбите ДУИ да го објави предлог договорот од Никола Груевски, и што се тВМРО ДПМНЕ му понудиле на ДУИ само за да прифаат да направат влада со нив. Извори од ДУИ тврдат дека ВМРО ДПМНЕ биле многу подарежливи од СДСМ, додека со Заев ќе треба сеуште да се решаваат некои работи  и во иднина ,   а за истите тие Никола Груевски бил подарежлив и ги понудил како веќе решени. Сепак се тоа треба да се обелодени, за да се потврдат ваквите тврдења, а што се однесува за кршење на принципот победник со победник, ДУИ го отфрла затоа што и други делови од тој т.н „мајски договор“ , велат Груевски не ги испорачал, така што и оваа точка „победник- победник“ е невалидна.

Во 26 години независност, Македонија имаше експертска, техничка влада, широка коалиција, но сега е на повидок и  малцинска влада. Сите овие формати што досега беа изнудени, надвор од стандардните  за политички влади , како   последица  или по воен конфликт, осамостојување, плурализам или по сериозна политичка криза.

Во наредните два дена се очекува седница на парламентот, негово докомплетирање и избор на претседател, колку за проверка на парламентарното мнозинство, а потоа и доделување на мандатот од страна на претседателот Иванов, што и не е најсуштински за формирање на новата влада. Ако Иванов блокира таа работа ќе може да ја релизира и парламентот.  За очекување е новата опозициона ВМРО ДПМНЕ да се обиде и политички и физички да го блокира,  токму доконституирањето на парламентот, како знак на несогласување со начинот на нејзиното симнување од власт во Македонија.

 

 

Слични содржини