Зошто секојдневниот секс нема да ја спаси врската

од Vladimir Zorba

Многу парови погрешно веруваат дека ако се зголеми фреквенцијата на сексуалните контакти, ќе ја спасат врската . Всушност, ваквите тврдења се често одликување, но вистината е друга.
Ново истражување спроведено во Carnegie Mellon University утврди дека повеќе секс во врската не ја враќа искрата , не ги пегла проблемите, а всушност ги продлабочува уште повеќе постојните. Дури тоа може да ја направи двојката уште понесреќна од порано.

Во истражувањето учество зеле 64 парови на возраст меѓу 35 и 65 години. Групата била поделена на 2. На едните им било наложено да не менуваат ништо во сексуалните навики, а другите требало да ја удвојат зачестеноста на сексуалните контакти за период од 3 месеци.

Експериментот покажал дека кај паровите со непроменети интимни контакти односите се подобруваат, додека кај другата група нивото на среќа драстично опаднало.

Истражувачите утврдиле дека оние на кои им било наложено да имаат повеќе секс се изјасниле за пониско сексуална желба, пишува telegraph.co.uk , како и намалено сексуално задоволство. Научниците го оддаваат тоа дека фактот произлегува од тоа шти било побарано како насила да се фокусираат на сексот, наместо тој да е испровоциран од лична мотивација.

Психолозите сметаат дека сепак почестите сексуални контакти би помогнале за мазнење на проблемите, за зголемување на среќата во врската и довербата меѓу партнерите.

Всушност, најважното нешто што партнерите треба да направат е не само да имаат повеќе секс, туку да се обидат да ги зголемат секси моментите во секојдневниот живот, кои предиспонираат кон сексуален контакт и тоа испровоциран од лична мотивација и желба.

Само така реално сексот може да помогне за закрепнување на врската. Инаку води до трајно незадоволство.

Слични содржини